По првичните тешкотии за набавка на суровини поради ковид-19 пандемијата во 2020 година, неколку милионската инвестиција на ова вредно македонско семејство од Канада е на пат да се исплати, бидејќи Канада и САД се земји каде домашните, земјоделски фармерски производи, посебно оние со назнака „органик“ што значи потврдено од Администрацијата за храна и лекови дека се одгледувани без употреба на додатоци или хемиски препарати, посебно се ценат.
„Ова е наш придонес во намалување на монополите на големите компании за алкохолни напитоци. Ние сме нивна конкуренција и имаме намера да произдуваме врвни произвиди од највисок квалитет“, изјави Душко Петровски, претседател на дестиларата „Петровски фемили спиритс“ во интервју за МИА.
Висорамнината Нијагара е регион прочуен по одгледување кајсија и праска. Како и во другите региони на Северна Америка, како северниот дел на Вирџиниja или долината Напа во Калифорнија, винарството зема голем замав и овде, во државите Онтарио и Њујорк. Регионот фигурира во првите десет или петнеасет вински региони во светот.
„Не би рекол дека грозјето е со висок квалитет, повеќе се одледуваат ризлинзи, и други сорти бели грозја, за правање бели вина, и тоа се прави од иселеници од Холандија и Германија“, истакна Петровски.
Тој откри и дека поднебјето во овој дел на Канада изобилува со вода и сонце, плодната земја со жешките лета и студените зими е добра за одгледување слива, круша или јаболко. Иако не и за квалитено грозје, пиперки или домати, како во Северна Македонија, што тие се обиделе да ги засадат за продажба на големо.
Разговаравме и со таткото на Душко, Јордан Петровски, кој е всушност идеен двигател на компанијата, и кој укажа дека канадската држава дава иницијативи за развој на земјоделието, а тоа се прави со лесно кредитирање и со пристап до врвна технологија со употреба на „најсофистицирани техники на земјоделие и овоштарство“.
Капацитетот на дестиларата е околу 40.000 до 50.000 шишиња ракии годишно, што пред сѐ ќе се прават од грозд и од друго овошје како дуња, круша или праска. На фармата моментално се одгледуваат јаболка, но се панираат уште седници, и тоа било услов властите во Канада да им дадат да отворат своја деестилара.
„Гроздова ракија се изготвува од вино донесено од Македонија, значи виното ќе биде исклучиво од Македонија“, изјави Петровски.
Овоштарникот моментално брои 1.600 јаболкови садници, а се планира садење и на круша и слива за печење и дестилација на крушовица и сливовица, ракии кои се популарни во Србија, нашиот северен сосед. Компанијата планира да собира околу 120 тони овошје, од кое може да се произведе осум до десет илјади литри ракија годишно.
„Ова не се големи количини и идејата е да работиме како бутик. Ние сме занаетчиско семејство и работиме во духот на она што го правевме и порано“, изјави Петровски помладиот.
Производите на дестиларата на Петровски се флашираат во линии за пакување кои тие ги изнајмуваат по потреба.
„Овде има стотици мали винарии или пивари и сите тие немаат можност да вложат во своја линија за флаширање и пакување за што треба да се плати и до 70 отсто од самата инвестиција за производство. Има две-три компании кои го работат тоа, за одреден надомест ги флашираат, етикетираат и пакуваат пијалоците на сите мали производители. Тие доаѓаат и до локациите на производителите и со мобилни линии, во приколки“, изјави тој
Петровски помладиот истакна дека пласманот на ракиите ќе започне кога фабриката ќе се отвори официјално во јануари. Тие веќе добиле дозвола да продаваат по угостителски објекти и продавници.
„Сега започнуваме со продажба во Америка, бидејќи таму процесот е поупростен. На пример сега подготвуваме нашите производи да бидат застапени на фри-шопот на граничиот премин меѓу државите Онтарио и Њујорк, каде жителите од овој регион, од двете земји, ќе можат да дојдат и да уживаат во нашите производи, а пласманот ќе оди и кај другите македонски заедници во САД и Канада“.