Доктор Харис Бабичиќ по потекло од Македонија кој неколку години работи на Каролинска институтот во Стокхолм, Шведска ги изнесува своите гледишта за актуелната пандемиска состојба. Ова е неговиот последен пост на Фејсбук:
“БРЗИНА НА КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР. Не треба некој да укаже дека вториот бран е на повидок. И без статистика, не е тешко да се разбере дека репродуктивниот број е во пораст.
Но, она што чинам не е лесно да се разбере е тоа колку бргу епидемијата може да се забрза ако репродуктивниот број се одржи на 1.5 (јас се надевам дека нема).
Репродуктивен број од 1.5 поедноставено значи ако стартуваме со 100 инфицирани лица, тие би заразиле 150 други. Па овие 150 други би заразиле 225 нови.
Па овие 225 нови би заразиле уште 338.Па следуваат уште 507, па 761, па оп преку 1100 стигнавме… И така тоа во недела-две се некои 3200 заразени.
Еден мал процент од тие би детектирале. Повеќето би останале недетектирани.Другата мака ради брзината е тоа дека добар дел ќе изискуваат болничка грижа а доволно кревети може ќе снема. Бројот на хоспитализирани во Македонија е во пораст (следете на https://www.treker.mk/mk/stats).
Ова не го кажувам за да го заплашам народот. Туку за да биде информиран што тоа значи и дека работите многу бргу се одвиваат при епидемии.
Така самиот може да процени и одлучи дали вреди што побрзо да влезе во колективен договор за самозаштита и заштита на другиот.
Македонските граѓани тешко би можеле да издржат нови рестриктивни мерки како оние на пролет.
И од здравствен и економски аспект. За да се избегне тоа, ќе биде потребна соработка на секој еден во заедничката борба против коронавирусот“ напиша доктор Харис Бабачиќ.