Македонците со бугарски пасоши можат да се вакцинираат во Бугарија

by Тони Зографски

Македонските граѓани со бугарски пасоши кои се заинтересирани за вакцинација ќе можат да се вакцинираат во Бугарија, но и да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање, единствено за влез во Бугарија, потребен ќе им биде негативен тест издаден од овластените здравствени установи во земјава, пренесе Плусинфо.

Македонските граѓани кои поседуваат бугарско државјанство и кои имаат намера да се вакцинираат против ковид-19, тоа можат да го сторат преку интернет порталот „COVID-19 Регистрација за вакцинација“, соопшти претседателот на здружението „Македонско-бугарско пријателство“, Добре Митрев.

Како што е наведено во соопштението, заинтересираните за вакцинација ќе можат да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање, но за да појдат во Бугарија за да се вакцинираат, потребен ќе им биде негативен тест издаден од овластените здравствени установи во земјава.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com