Бандера која се наоѓа во селото близу Благоевград во Бугарија e адресата на илјадници Македонци со бугарски државјанства – открива екс директорка на одделението задолжено за издавање на државјанства во бугарското Министерство за правосудство, Катја Матева во интервју за „ЕУобзервер“.
“Илјадници луѓе се пријавени на електрична бандера“, вели Матева и додава дека првиот човек на тоа бугарско село ја пријавил бандерата како адреса на Македонци кои во кеш платиле сертификати како би добиле бугарски пасош.
Катја Матева работела во министерството до 2016 година, тврди дека била отпуштена затоа што одбила да учествува во измамата. Таа проценува дека најмалку 5.000 луѓе секоја година, без бугарски корени успеале да купат лажен сертификат. Плаќањата варирале меѓу 500 и 7.000 евра, во зависност од богатството на поединецот, вели таа.
Катја Манева исто така истакна дека дел од бугарската политичка елита има корист од измамата, покажувајќи го прстот кон заменик-премиерот на земјата, Красимир Каракачанов, кој е од бугарската националистичка партија ВМРО, коалициски партнер во владата на премиерот Бојко Борисов.
Но, Матева вели дека неговото апсење не ги спречи измамите, а лажните сертификати сè уште се користат за да добијат државјанство.
“Јас сум тука да поднесам жалба со надеж оваа ужасна пракса ќе се прекине, бидејќи се плашам и речиси сум сигурна дека виновниците нема да сносат речиси никаква одговорност”, изјави таа за “ЕУобсервер“.