Српски Телеграф, објави анализа за посетата на Македонците во Србија, кои, по се изгледа се едни од најчестите гости во оваа земја.
„Во јануари годинава македонските туристи „оставиле“ најмногу пари во Србија, односно потрошиле 16 милиони евра. Според податоците на Туристичката организација на Белград, туристите од Македонија биле трети по бројот на пристигнувања во јануари годинава.
– Белград со раширени раце ги пречекува гостите од регионот, а особено добредојдени се гостите од Македонија – изјави помошникот директор на белградската туристичка организација Слободан Унковиќ по повод промоцијата на ТОБ во Скопје.
На настанот, белградската туристичка организација промовираше настани по повод претстојните новогодишни празници во Белград, како што е „Белградска зима“, за која туристите од Македонија се исклучително заинтересирани.
За време на промоцијата за помалку од два часа беа потпишани над 60 договори меѓу белградските хотелиери и македонските туристички агенции.
Амбасадорката на Србија во Скопје, Невена Јовановиќ, најави дека Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград.
На презентацијата на Белград присуствуваа и претставници на здружението на Србите СПОНА, како и директорот на Македонската агенција за развој на туризмот Љупчо Јаневски, кој најави заеднички проекти во рамките на Отворен Балкан.
Поради најавената изградба на модерна пруга од Ниш до Скопје, на промоцијата на Белград се приклучија и ТО Ниш и „Планинка“, како и „Планинка“ која ја промовираше Куршумлијската бања, со оглед дека акцентот беше ставен на новоотворените хотели.“ пишува порталот.
Телеграф, рс