Од почетокот на јуни ќе бидат откажани тестовите за влез во нашите омилени туристички земји, Грција, Турција, Црна Гора, Бугарија, па дури и Египет – објави бизнисвести.мк
– Од почетокот на јуни ќе бидат укинати тестовите за влез во земји кои се важни туристички дестинации. За да одите во Грција, Турција, Црна Гора, Бугарија, па дури и Египет, нема да се бара никакво тестирање. Ќе се мери температурата, ќе се почитува физичката оддалеченост така што туризмот, како таков, оживува во целосна форма – изјави Александар Сеничиќ, директор на Јута, националното здружение на туристички агенции и додаде:
– Важно е да се грижиме за сместувачките капацитети, без разлика дали тие ќе бидат целосно исполнети. Појадокот ќе се сервира стандардно на масите, а проблем може да биде намалениот капацитет на хотелот или намалениот волумен на возила.
Рената Пињо изјавува дека во еден момент се појавило барање патникот што влегува во одредена земја, да обезбеди средства за болничко лекување на Ковид.
– Ниту една осигурителна компанија не обезбедува патничко здравствено осигурување што би опфаќало лекување на пациенти со коронавирус.
извор: бизнисвести.мк