Викендов на Копаоник се одржа четвртиот интернационален фестивал на ориентален танц на кој учествуваа 21 танчерка од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и Словенија. Македонската преставничка на ова смотра на стомачен танц беше Тамара Стојанова од Скопје.
“Танцувам од мали нозе. Иако многумина имаат предрасуди спрема оваа врста на уметност, се е поголем бројот на девојки од Балканот кои сакаат да се занимаваат со ориентален танц, и пресреќна сум поради тоа. Се работи за една убава вештина која ја нагласува женственоста, со нашите движења изразуваме радост, љубов и среќа. Ќе се вратам повторно во Копаоник – изјавила Тамара за српскиот весник “Новости“.
Бидејќи сите танчерки биле одлични, a жирито не можело да се одлучи кој е победникот, па паднала едногласна одлука дека “сите девојки победиле“.