Летото 2012 година кога рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на неговиот трет мандат го посети островот Валам во истоимениот архипелаг на северот од езерото Ладога,Игуменот Методиј од тамошниот манастир тогаш направиl потег кој многумина го окарактеризираа како несоодветен.
Тој направи гест каков што обично „цивилите“ го прават кон свештениците – го бакна Владимир Путин во раката, што брзо ја повлече.
– Отец Мефоди е од Македонија и му бакна рака на Путин во име на братската македонска нација. Бакнувањето рака е израз на кроткост. Тој ми рече: “Јас му ја бакнав раката во знак на признание за големиот народ од малиот! Како што ја сакам руската нација, тоа беше израз на христијанската љубов кон неа како претставник на малиот словенски народ!” Се прашувам зошто луѓето велат дека се однесувал како измамник, како ползач. Тој им се извини и на сите кои се збунети од овој потег – изјави тогаш Михаил Шишков, портпарол на манастирот во Вала.
Сепак, критичарите потоа го префрлија акцентот на реакцијата на Владимир Путин. Велат, тој со одвратност ја повлекол раката и изгледал како да имал желба да го удри монахот. Одбраната на рускиот претседател овој потег го објасни вака – тој бил изненаден од гестот на монахот и сакал да покаже дека не е Бог и дека не треба да се бакнува во рака. Тоа беше израз на неговата скромност кон нив.
Видеото поради некоја причина повторно стана вирално, а луѓето масовно го споделуваат на социјалните мрежи.