Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и „Златно славејче” започнаа со снимање на коледарската песна „Небо и земја”од битолскиот крај.
81 – годишната Даница Јолевска е жив сведок за долгогодишната традицијата на пеење на оваа коледарска песна.
Според неа, „Небо и земја“ е стара словенска коледарска песна која се’ уште се пее на Бадник во Русија, Украина и Белорусија. Оваа песна се пренела во руските земји од Македонија, бидејќи рускиот народ примил крштение од Охридската Архиепископија. После Октомвриската револуција, руските емигранти кои дошле тука во Македонија, вратиле дел од традициите, меѓу кои и оваа песна.