Тиквешко езеро
На прекрасното Тиквешко Езеро се наоѓаат „чуда“ од риби. Порано постоела една рибарска приказна која се пренесувала со генерации дека во езерото постоеле огромни риби кои голтале цели чамци со се луѓе. И нормално ќе си речете во рибарска приказна кој верува.Така тоа останало легенда. Се до пред некоја година додека не дојде на истото езеро една словенска експедиција за друга цел за на крај да бидат толку преплашени од што се наоѓало на дното на езетото. Во Тиквешко езето постојат сомови кои се претпоставува дека се премногу стари и се ненормална големина. Има претпоставки дека најголемиот е од прилика колку некој вид на кит. Не постојат такви кранови кои би можеле да ги извададат и ако успеа да се извади еден кој беше со големина на чамец. И истиот беше поставен на плоштадот во Скопје. Бидејќи сомовите се мрзливи суштества кои само за да се прехранат излагаат на површината ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе.Можеби ако сте на ова езеро еден ден ке видите еден ваков сом кој сигурно би ви го одземал здивот. За разлика од Неси овие сомови навистина постојат и туристите со повеќе среќа можат навистина да видат едно вакво чудно животно. Кога сме веќе кај митовте и легендите, македонскта историја е преполна со исти. Имаме толку многу волшебни шуми и пештери, гори, езера и мистични тврдини.Секое си има своја приказна и легенда исполнета со митски суштества која е убава да се чуе и како за крај убаво да се спакува и продаде.
Планината Кожув
Планината Кожув е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Кожуф кај Кавадарци, во изминативе години и децении е веќе доволно истражен за да се донесат релевантни научни заклучоци: во него во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на “неутрино”, честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето.
Лорандитот најмногу ги преокупира светските научни кругови, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка.
Лоцирани се 32 минералa на талиумот, од кои 17 единствено ги има во Алшар.
Во него, исто така има и злато (некои тврдат околу 20 тони, чија вредност се проценува на околу 150 милиони евра), потоа антимон, хром и бакар.
Денес постои само едно отворено окно, кое се наоѓа на 25 метри во планината. Ходникот е долг 300 метри, а постои и вертикален за вентилација.
Постојат легенди за минералот лорандит кои се поврзани со Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките, кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Со тоа и се поврзуваат успесите на Александар. Тоа, пак, се поврзува и со изгравираното сонце на нив, она од Вергина, па оттаму и култот на Македонците спрема Сонцето.
Легендата не е начуно потврдена, само се знае дека рудникот Алшар бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен.
Приказните за неверојатната моќ на лорандитот во своите уметнички дела ги прикажува и академскиот сликар Ацо Станковски, кој режираше и филм.