Македонски и албански државјани ограбени од лажни полицајци на автопат во Србија

by Тони Зографски

Рано изутрина, на автопатот Ниш-Врање,  разбојници вооружени со калашников и облечени во полициска униформа, ограбиле двајца патници откако со батерија го сопреле нивното возило.

Како што известуваат повеќе српски портали, возилото било со германски регистарски таблички.

Откако друмските разбојници му сигнализирале на возачот да застане, со калашников му се заканиле и побарале пари. Му одзеле 10.000 евра, пишува Информер.

Во возилото се наоѓале двајца Албанци, едниот македонски, а другиот албански државјанин.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com