Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај Добановци, од правец на градот, јавуваат утрово српските медиуми.
Засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот. Според првичните сознанија, возач на друг автобус застанал на местото на несреќата со цел да пружи помош.

Несреќата се случува во услови на отежнат сообраќај, бидејќи од вчера речиси цела Србија е зафатена од снежни врнежи. Јавното претпријатие Патишта на Србија соопшти дека, според извештајот на Штабот за зимска служба во 5:09 часот наутро, снег има на бројни делници од најфреквентните патни правци од прв, втор и трет приоритет за одржување.
Снежната покривка на одредени места достигнува и до пет сантиметри, а коловозите се влажни и лизгави, поради што надлежните апелираат до возачите да се движат со зголемена претпазливост.
