Македонските тимови коишто учествуваат во спасувачките акции во Албанија лоцираа и извадија две починати лица на две локации под урнатите згради, по разорниот земјотрес кој што вчера изутрина ја погоди земјата.
Тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, согласно одлуката на Владата на Македонија, од вчера попладнето се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти.
На терен се и припадници на МВР со куче спасувач специјално тренирано за пронаоѓање преживеани под урнатините.
Покрај тимовите ДЗС, упати и специјализирана техничка опрема, амбулантно возило, медицинска и техничка опрема, како и најсовремена механизација која се користи за да се дојде до евентуалните преживеани.
Владата донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.