Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов во приватниот живот е скромно и мирно момче.
Тој стрпливо ја чекаше својата шанса на теренот уште од мали нозе, и ја дочека. Успеа, направи екстра трансфер во Полска, стана стандарден репрезентативец. Чекаше и дочека и вистинска шанса за да ја запроси својата долгогодишна девојка Моника за сопруга, и тоа на најспектакуларен начин. На концерт на светски познатиот бенд „Coldplay“, и тоа за време на еден од најголемите хитови.