Поп-пејач Дарко Илиевски на својот „Инстаграм“ сподели радосна вест. Имено, тој и неговата сопруга Ивана станаа родители за првпат.
„8ми октомври 2019 е најсреќен ден во мојот живот. Мојата кралица ми роди син како најголем поклон за 3 години од нашиот брак. Фала ти сонце !!!. Драги пријатели се роди Матео“, напиша пејачот на социјалните мрежи.
Инаку, Дарко и Ивана во октомври 2016 година се преселија на Флорида каде што и денеска живеат.