Некогашниот гитарист на групата „Нокаут“, Владимир Крстевски- Франц кој веќе со години живее во Калифорнија, на интересен начин и ја честиташе годишнината од бракот на својата сопруга Ема.
Имено, тој со фотка на која е со својата петмесечна ќерка Мелоди во раце, на својот Фејсбук профил напиша:
-Ја користам оваа прилика да и честитам 5 години брак на Ема Џо Франц! Среќна годишница од мене и Мелодика. Те сакаме најмногу!, напиша Франц.