Македонскиот кандидат за Оскар „Најсреќниот човек на светот“ не влезе во потесната конкуренција

by Тони Зографски

Македонскиот кандидат „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска не влезе во потесната конкуренција за номинација за Оскар за најдобар странски филм. Академијата за филмска уметност и наука во Лос Анџелес, која ги доделува најпрестижните филмски награди, ги скрати листите за номинација во десет категории, при што ги избра и 15-те филмови кои продолжуваат да конкурираат за Оскар за најдобар странски филм.

Инаку, „Најсреќниот човек на светот“ ја доживеа својата светска премиера на годинашниот Венецијански кинофестивал, а потоа се прикажа и во Торонто.  Главните улоги ги играат Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, а во споредните улоги се јавуваат Лабина Митевска, Ана Костовска и Николина Кујача, меѓу останатите.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com