Македонскиот готвач Виктор Настески, кој работеше како шеф на кујна (Executive Chef) на крузер за бродската копанија „P&O Cruises“, остана без работа поради проблемите со македонските пасоши. 44-годишниот Виктор за голготата со која се соочуваше поради истечениот пасош објавуваше на својот фејсбук профил, а последниот негов статус е нешто што никој не му го посакуваше – остана без работа.
“Епа другари и другарки толку беше
Договорот скратен поради невалиден пасош и поради фактот дека патниот лист е само за во еден правец до родната земја.
И така мене не ми е дозволено да го продолжам патувањето и да го завршам својот договор – го започнува својот статус познатиот готвач.
Тој објаснува какви последици и проблеми се направени со хаосот што македонската влада го направи со македонските пасоши:
-Бродов со 1800 гости и 820 вработени останува без “Executive Chef”
-Мојата компанија во неверување како е ова можно, се чудат и се крстат
-Замена “Executive Chef” преку ноќ на овој крај од светот неможе да се најде
-Мојот тим од 170 вработени остануваат без својот лидер
-Мојот работодавец со огромни финансиски загуби
-Јас исто така со финасиски загуби, живци искинати и ноќи непреспиени
-Тонам во очите на мојата компанија и понижен како никогаш од сега
-И се тоа поради непособноста на оваа власт да изнајде решение и да го продолжи рокот за пасошите,па да можеме да си ги завршиме договорите и како нормални луѓе да се вратиме дома
-Да не се повторувам за тешкотијата која се наоѓаат морепловците за да го извадат овој патен лист
-Ама не тие решија скроз да не понижат и уништат
Настески ја запраша власта, дали е свесна каква штета предизвикува на граѓаните и на круз компаниите, како и на сите работници.
“Свесни ли сте бе какви штети предизвикувате на своите граѓани и на круз компаниите, и општо на сите работодавци на море и на копно
-Што е најтрагично вас не ви чуе бе какви штети направивте
-Вие сте бе енда багра неспособна што никогаш му се нема десено на човештвото
-Јас не познавам дека некоја друга земја го има направено ова на својот народ
И сега дома во нови нервози и дали ќе успеам да го извадам пасошот на време за да се вратам на следниот договор.
Ниту власта а ниту па опзицијата не помогна во врска со сета оваа каша попара и едноставно не се ни потрудија да направат нешто
Единствена позитивна работа од ова е што набрзо ќе бидам со своето семејство.
А вие кога тогаш, ќе платите за сите овие неправди и маки
Во својот нареден статус пак вели:
“Ејј а замисли ова:
-Замисли да предвидеа дека ќе има заглавени луѓе како мене на море и на копно?
-Замисли да имаа испратено едно 20.000 обрасци во сите наши амбасади во светот?
-Замисли да ни ги издадеа тие пасоши тука по брза постапка?
Замислувате колку е лесно нели?
Ама треба некој тоа да го испланира!
Ама неможе некој да мисли и да планира ако му е празна глаата бе, НЕ МОЖЕ!
Глупи, неспособни и скроз изгубени во простор!