Македонскиот амбасадор во Украина, Крум Ефремов информира дека моментално ситуацијата во Киев е мирна.
-Се слушнаа гранатирања во утринските часови, но сега е мирно, нема воени дејствија, иако постои паника меѓу граѓаните и евакуација. Авионските линии не функционираат, само преку копнен пат може да се излезе од земјата, рече Ефремов во разговор за Телма.
Според него, мапирани се сите наши граѓани кои се наоѓаат на украинско тло.
-Околу 100-тина лица се наоѓаат овде. Одреден дел заминале, но не се пријавиле во амбасадата, а голем дел не контактираа. Ќе помогнеме на секого доколку можеме за да биде на безбедно, додаде Ефремов, барајќи да се најде дипломатско решение за кризата.
-Воените дејствија значат само човечки жртви, кажа Ефремов.
There are many kilometers of traffic jams at the exit from Kiev, people are leaving the city, The Insider reports.#Russia #Ukraine #Kiev #Kyiv #RussiaUkraine pic.twitter.com/Rd8wIrTuG7
— WORLD WAR 3 – RUSSIA vs Ukraine #2022 (@WW32022) February 24, 2022