Цистерна со македонски регистарски таблички удрила во заштитна ограда и се превртела на автопатот во близина на Врање, Србија.
На терен излегла екипа на противпожарните служби од Врање, бидејќи цистерната е полна со течен гас. За сега не е евидентирано излевање.
Според последните информации, нема повредени, но автопатот во должина од околу петстотини метри, го обезбедува полицијата заради потенцијална опасност од излевање на течниот гас или експлозија.