Македонската ракометна интернационалка Наташа Нолевска паднала на допинг во Романија, како дел од големта афера која го потресе клубот Корона Брашов, откако таа заедно со уште три други колешки признале дека примале забранета интравенозна терапија на клиника во Брашов.
Како што информираат романските медиуми, Нолевска, заедно со уште три ракометарки Елиза Букеши, Дариа Букур и Ана Марија Лопатару признале дека имале терапии во клиника во Брашов. Претходно, целиот скандал излезе на површина со тројката Кристина Ласло, Бјанка Базалиу и Дацијана Хосу откако анти-допинг агенцијата на Романија (АНАД) објавила дека има докази за интравенска терапија забранета според ВАДА.
На 4 декември тие ќе треба да дадат комплетен исказ пред АНАД, која се решила да ги собере сите искази на допингуваните ракометарки, откако целата истрага се проширила. Нолевска од вчера е под суспензија, а колкава ќе биде ќе решава АНАД која идната среда би требало да ја соопшти должината на паузата.
Овој допинг-скандал со македонска ракометарка е втор случај во макеоднскиот ракомет, откако Горан Кузмановски (Еурофарм Работник) падна на тест лани.
фото: Спорт1