Петмина Македонци и еден Бугарин се уапсени во Северна Италија поради фалсификување на документи и потикнување нелегална миграција, во акцијата „Сонце“, информираат италијанските медиуми.
Станува збор за семејство од градот Алба, кое ангажирало сезонски работници од Македонија за работа на лозје, на кои им фалсификувале бугарски лични карти, но им ги задржувале нивните пасоши и им исплаќале помалку од половина од дневниците кои реално требало да ги земат.
Приведени се Б.Ѓ(43), сопственик на фирмата ,како и неговата мајка М.Ѓ.(61) и сопругата С.Н.(43), како и Д.Р(25), С.П (43) и Г.Г.(39), професионален возач од Бугарија. На сите шестмина им е одреден притвор. За криминалот се осомничени уште тројца Италијанци и еден Македонец, но тие се товарат за помагање и не се притвопени.
Како што соопштија од италијанската полиција, операцијата „Сонце“ почнала во јуни лани и завршила во саботата, а во неа учествувале педесетина карабиниери.