Македонската новинарка Анита Петровска и музичарот од оркестарот на Горан Бреговиќ, Александар Рајковиќ,прославија 11 години брак. По тој повод Анита на својот Фејсбук профил објави цел колаж на фотографии од нивните 11 години брак.
Инаку, Анита Петровска како новинар работеше во МТВ, Канал 5, 24 Вести и ТВ Нова, додека Александар Рајковиќ е трубач во „Оркестарот за свадби и погреби“ на Горан Бреговиќ.