Актуелната Мис на Македонија Емилија Розман ја скрати својата долга коса по која што беше препознатлива со години, за да ја донира за изработка на перики за деца болни од рак.
„ Дали знаете дека постои институт во Холандија каде што можете да ја пратите вашата коса во вид на донација? Тие изработуваат бесплатни перики стриктно за деца кои се борат со ракот! Адресата е: Haarwensen Postbus 244 3640 AE Mijdrecht The Netherlands (hair donation))“, објави Розман на својот Фејсбук профил.