Македонките Мила и Љупка Арсовски, кои живеат и работат во Њу Џерси, САД, ќе ја шминкаат Атиџе и ќе се погрижат за изгледот на останатата екипа на “Медена земја“ на вечерашното доделување на Оскарите.
Тие на социјалните мрежи веќе објавија дека се во Лос Анџелес, нетрпеливо чекајќи да започнат со подготовките.
“Здраво на сите, ние сме во Лос Анџелес за Оскарите, поддржувајќи го документарен филм “Медена земја“ и бидете сигурни дека екипата ќе изгледа прекрасно на црвениот тепих. Останете со нас“ се вели во објавата на Фејсбук.
Инаку,“Медена земја“ на вечерашната церемонија која започнува во 2 часот по полноќ е во трка по два Оскари,