По рекодрно брзо распродаденото шоу што се одржа во ВИП Аренана на 15.10.2017 годинна (во рамки на 57th & 9th турнејата), Стинг се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди „Филип Втори“.
Стадионот „Филип Втори“ ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Sting!
Во рамкитее на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best off tour, Sting ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата.
„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my herat“, „Every breah you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни коишѕо ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сит4е времиња.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда (19-ти декември) во 09 часот наутро, а цените ќе ги објавиме на ова исто место вечерва во 21 часот.