Позитивниот наод ги изненадил и докторите бидејќи овие случаи се реткост, објаснувањето кое го добила е дека вакцината има 95% заштита, додека пак за 5% од населението кои и покрај вакцината се инфицираат со вирусот, симптомите се благи и речиси никој од нив нема потреба за хоспитализација.
-Докторот беше изненаден, затоа што е многу мал бројот на вакцинирани кој добиле позитивен резултат. Од тоа што го читам на медицински форуми и тоа што го слушам од колеги, тие што сме во тие 5% на заразени сме асимптоматични, – вели Џована Цересони за ТВ Канал 5.
И покрај овој феномен, Цересони истакна дека вакцинацијата е единствениот начин за да се стави крај на пандемијата со коронавирусот. Вели дека со масовна имунизација ќе се намали бројот на новозаразени и бројот на лица на кои ќе им биде потребна хоспитализација.
Во овој момент вакцината е единствен лек кој би можел да ни помогне да излеземе од овој тунел, од оваа катастрофална ситуација, затоа праќам апел до сите сограѓани да се вакцинираме затоа што само сите заедно- вакцинирани можеме да го победиме невидливиот непријател, – рече Џована Чересони.