Денес изминуваат 27 години од собраќајната несреќа кај Инглоштад во која животот го загуби легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ. Дражен по натпреварот на 6. јуни во квалификациите за Хрватска против Словенија бил единствениот од репрезентација кој решил да не преспие во Врцолав (Полска) и со својата девојка Клара Саланти со автомобил се упатил за Франкфурт.
Црвениот Голф го возела Клара која кај Инглоштад удрила во камион. Дражен кој спиел во тие моменти не го преживеал ударот. Таа остана жива, исто како и турската кошаркарка Хилал Едебал која седела позади, и бил во кома, а повредите на мозокот предизвикаа амнезија и дупка во сеќавањето.
Веста за неговата смрт на мајката на Дражен била пренесена од Македонка.
-Беше тоа околу 22 часот, се подготвувавме за спиење во станот на Дражен на 14 спрат. Тој ден попладне ни се јави од аеродромот во Франкфурт, рече дека испратил валкана облека и дека ќе дојде за два дена. Се јавив мислев дека тој ѕвони. Се јави женски глас и праша дали е тоа станот на Петровиќ. Беше Македонка, преведувач, слабо говореше хрватски. „Вашиот син загина“, рече таа. Тие зборови… Не знам како ги преживеав. Тргнав кон балконот, во тие моменти не можете да го контролирате телото. Во шок сте и мозокот реагира поинаку. Мојот сопруг Јоле беше поприсебен, ме фати го спречи најлошото и ме спаси. Му благодарам затоа што сега можам да одработам се за Дражен. За митот за него да продолжи да живее. Она што го направи во краткиот живот да остане запишано како што доликува да се прераскажува со генерации. И тоа ме одржа, вели Бисерка.
Инаку, за Клара Саланти со години не се знаело многу. Во 2001 година, таа се омажи со фудбалската ѕвезда Оливер Бирхоф, со кого уште се заедно и имаат дете родено во 2007 година. Клара неколку пати била на гробот на Дражен и имала контакт само со неговиот брат Александар, но не сака да зборува за несреќата.
Инаку, Мајката на Дражен, Бисерка за Клара вели дека е монструм, и дека таа не е во контакт ниту со Хилал, која не ја посетила во болница, иако долги години биле пријателки и играле заедно.