Српските цариници вчера на премините Прешево и Градина заплениле над 100.000 непријавени евра, а во едниот случај е вмешан брачен пар од Македонија
Како што пренесуваат српските медиуми, „мерцедес“ со германски регистарски таблички, во кој патувал брачна двојка од Македонија, бил издвоен за детален преглед на излезната страна од преминот Прешево. Иако тврделе дека немаат што да пријавуваат освен личен багаж, во нив биле пронајдени 60.000 непријавени евра.
Прво, во џебот на пантолоните на 61-годишниот маж биле пронајдени 12.000 евра, а потоа, по личниот претрес на неговата 61-годишна сопруга, во долна облека пронајдени се и уште 39.000 евра. Жената во торбата имала уште 9.000 евра.
Дозволената сума од 10.000 евра им е вратена на патниците, додека преостанатите 40.000 евра се чуваат до крајот на прекршочната постапка пред судот.