На неодамна одржаниот боди билдинг натпревар за шампион на Македонија во категоријата „Miss Wellness“ победник е Мери Акиевска.
Мери има 20 години и почнала да се занимава со овој спорт пред 2 години. Купот на Македонија е второто нејзино натпреварување каде што во категоријата „Wellness juniori“ освои прво место. Во 2017 го имала и првото натпреварување на европско ниво во Унгарија од каде се врати со освоено трето место во категорија фитнес бикини.
Плановите за понатаму, вели, и се уште повеќе натпрвари, а годинава ја очекува и натпреварување на балканско првенство кое месецов ќе се одржи во Грција, а потоа и подготовки за европско.
https://www.instagram.com/p/Bw4158qlKcD/?utm_source=ig_web_button_share_sheet