Македонската преставничка Мила Москова го освои одличното шесто место на 1 7–тата по ред јуниорската Евровизија која се одржа во Гливице, Полска. 14-годишната пејачка од Прилеп која настапи со песната „Fire“ со својата изведба ги воодушеви сите присутни и измами огромен аплауз. Ефектите на сцената дадоа дополнителен опис на содржината на песната. Текстот на песната е дело на Магдалена Цветкоска, додека за композицијата и продукцијата се погрижи Лазар Цветкоски.
Оваа година од стручно жири на секоја држава освоивме 100 поени, а од публиката освоивме 50 и со вкупно 150 поени го освоивме шестото место.
Инаку, победи домаќинот Полска, односно, 12 – годишната Вики Габор со песната „Superhero“. Пресудно за втора едноподруга победа на Пољаците беа гласовите на публиката.