Машката ракометна репрезентација ја забележа втората победа на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, совладувајќи го поранешниот светски вицепрвак Катар со 39:34.
За разлика од дуелите со Унгарија и Австрија, кои завршија нерешено, избраниците на Кире Лазаров овојпат беа доволно подобар противник за да се погрижат да нема неизвесност.
Секоја победа на овој турнир за нашите значи два милиони денари премија, што значи дека со победата над Катар денеска ракометарите се во „плус“ од четири милиони денари.
Во последниот меч од втората фаза, Македонија в сабота ќе игра против гигантот Франција (20:30 часот).