Македонија денеска го заостри курсот спрема Русија во контекст на нејзината инвазија на Украина и недозволените активности на дипломати во овдешната амбасада.
Министерството за надворешни работи соопшти дека бил беше повикан амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во амбасадата се посочени како персона нон грата.
Во соопштението се нагласува дека согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи. Тие добија рок од пет дена да ја напуштат земјава.
Лани во август беше протеран последниот руски дипломат, на што Русија возврати со соодветна мерка во октомври. Македонија нема амбасадор во Москва, иако за тоа место е именуван Ненад Колев, но неговото испраќање е одложено поради војната во Украина.
Чекорот на Скопје е последен во низата што ги презедоа повеќе земји на НАТО во однос на Русија. Бугарија пред детина дена протера 10 руски дипломати, Полска тоа го стори минатата недела со 45 руски дипломати, обвинувајќи ги за шпионажа.