Фудбалската репрезентација на Македонија го победи Исланд во Скопје со 3-1 и обезбеди учество во доигрувањето за пласман на Светското првенство во Катар.
„Црвено-жолтите“ поведоа со голот на Езгјан Алиоски во 7. минута, а гостите израмнија преку Јон Дагур Торстеинсон. Елиф Елмас беше стрелец на вториот гол за Македонија во 65. минута, а конечниот резултат го постави истиот играч во 87. минута. Од 79. минута, Македонија беше со играч повеќе, откако беше исклучен Исак Јоханесон.
Првото место во групата го освои Германија со 27 бода, девет повеќе од Македонија. На третото место заврши Романија со бод помалку од Македонија.
На Светското фудбалско првенство в година во Катар од Европа ќе играат 13 репрезентации. Последните три европски места ќе бидат пополнети по баражот што е закажан од 24 до 29 март в година, во кој ќе разигруваат 10-те второпласирани во групите и две селекции победници на групите во Лигата на нациите од сезоната 2020/2021, кои нема да се квалификуваат директно ниту пак се втори во групите од квалификациите. Во баражот, 12-те репрезентации ќе бидат поделени во три групи, во кои ќе се игра по еден меч во полуфиналињата и потоа во финалињата.
Ждрепката за тие мечеви ќе се одржи на 26. ноември.