Амбасадата на Руската Федерација во Скопје за агенцијата „Спутник“ соопшти дека македонското државно раководство ја проучува можноста за купување на руската вакцина против корона.
Руските дипломати во втората половина од август го известиле министерот за здравство Венко Филипче за успешните резултати од тестирањето на вакцината „Спутник V“ во Русија. Тој бил запознат со можностите за организација на испораки на препаратот преку рускиот Фонд за директни инвестиции, пишува Спутник.
„Ова прашање беше тема на разговорите со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Македонската страна засега ги проучува достапните материјали за вакцината „Спутник V“. Се договорија за сите прашања за кои е заинтересирано Скопје директно да разговараат експертите од македонското Министерство за здравство и Рускиот фонд за директни инвестиции“, соопштија од руската амбасада за Спутник.