Македонија е најевтината дестинација во Европа за соло патување – кафе и ручек за помалку од 10 евра

by Тони Зографски

Ново истражување откри кои европски дестинации се најповолни за викенд-патувања, а трошоците за живот во нив се значително пониски отколку во остатокот од континентот.Тимот потоа ги пресметал просечните дневни трошоци за соло патник преку шест категории: оброк во поволен ресторан, кафе или капучино, флаширана вода од 0,33 литри, локален превоз, билет за кино и ноќевање во еднособен апартман во центарот на градот.

Истражувањето покажало дека викенд во Македонија може да чини само 52,38 евра.

Скопје, главниот и најголем град во Македонија, има повеќе од 500.000 жители. Оваа балканска држава нема излез на море и граничи со Грција, Албанија, Бугарија, Косово и Србија, стои во извештајот.

Според податоците од истражувањето, оброк во поволен ресторан во Скопје чини околу 6,50 евра, капучино 1,90 евра, додека шишенце вода од 0,33 литри чини околу едно евро.

Според податоците на сајтот „World Population Review“, Македонија се наоѓа меѓу „најбезбедните земји во светот“, благодарение на ниското ниво на ризик според Глобалниот индекс на мир.

На второто место се нашла Босна и Херцеговина, каде викенд за соло патник чини околу 54,66 евра. Следуваат Молдавија со 54,93 евра и Србија, каде просечен викенд за едно лице изнесува околу 61,65 евра.

Интересно е што вкупните трошоци за сите четири најевтини дестинации речиси одговараат на цената на еден викенд во најскапата европска држава за ваков тип патување.

Оваа земја е четири пати поскапа од Македонија

Имено, Лихтенштајн е прогласен за најскапа дестинација за соло викенд-патувања, со просечен трошок од дури 222,66 евра. Тоа е повеќе од четири пати поскапо од Македонија.

Лихтенштајн за помалку од едно евро ја престигнал соседна Швајцарија, каде викенд во просек чини 221,70 евра.

Најголем трошок во Лихтенштајн претставуваат рестораните и секојдневните издатоци. Просечен оброк таму чини околу 27 евра, што е повеќе од двојно над европскиот просек од околу 15 евра.

останати вести