По „епизодата“ со купување на брашно и зејтин, Македонците се впуштија во обезбедување на доволно гориво за автомобите по поевтина цена, пред истото да поскапи или да го снема.
Психологот Ана Чучкова, на својот Фејсбук профил, оваа појава ја коментира како масовен паничен напад.
-Македонија вечерва доживува масовен паничен напад. Јас веќе 8 години зборувам јавно дека секој клиент е со паничен напад. Тоа укажува дека бројот на случаи со панични напади е зголемен поради општествени причини. Не се чувствуваат сигурни таму каде што се. И така стигнавме до бројката на масовен паничен напад! Дајте луѓе, вдишете длабоко и фокусирајте се на себе. Зошто ви е тоалетна хартија во 21/00ч? Сеуште не ми е јасно, – напиша таа доцна синоќа.
На социјалните мрежи се вртат и низа иронични саркастични коментари дека гориво се точело и во кеси и се шегуваат за излезноста на