Македонија доби непосакуван противник во баражот за место на Светското првенство

by Тони Зографски

Ракометната репрезентација на Македонија ја доби селекцијата на Фарските Острови за противник во баражот за пласман на Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Шведска.

Македонија беше во групата на привилигирани репрезентација, а Фарските Острови беа една од селекциите кои не ги посакувавме.

Немавме многу среќа во ждрепката и ја добивме селекцијата која беше едно од најпријатните изненадувања на Европското првенство во Германија.

Првите натпревари од баражот се играат на 7 или 8 мај, реваншите се на 11 или 12 мај. Во првиот дуел гостуваме, реваншот го играме во Скопје.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com