Македонец ја заклал сопругата во Австрија

by Тони Зографски

Триесет и двегодишна Македонка вчера напладне била убиена на паркинг во австрискиот град Тулн. Како што пренесуваат австриските медиуми, нејзиниот сопруг (36) ја пречекал на паркингот пред супермаркет, каде неколку пати ја избодел со нож во вратот.

Жената починала на лице место, а нејзиниот сопруг е уапсен. Се работи за брачна двојка од Македонија, кои се родители на две деца од 6 и 10 години. Децата се згрижени во институции. Мотивот за убиството засега не е познат.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com