Шеесет и едногодишниот Г.С. од Врачев Гај кај Бела Црква, Србија, е приведен вчера поради сомнение дека го убил Македонецoт Б.П. кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга.
Убиството се случило во четвртокот вечерта во близина на куќата на осомничениот Г.С. каде што ги затекнал неговата поранешна сопруга и нејзиниот партнер.
До несреќата дошло откако Македонецот со неговата партнерка бил во посета на нејзина пријателка која живеела во соседството на поранешниот сопруг.
Г.С. во еден момент го удрил Б.П. по што Македонецот паднал со глава на земја и набргу потоа починал.
Очевидец на несреќата во изјава за српските медиуми вели дека Г.С. бил разведен повеќе од една година, а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Б.П.
На Г.С. му е одредена мерка притвор до 48 часа и ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Панчево.