Македонски државјанин синоќа бил уапсен во словачкиот град Братислава, под сомнение дека извршил убиство на Србинот Никола Косаниќ (22), пренесува српски „Блиц“.
„Во соработка со Националниот центар на Интерпол и унгарската полиција уапсени се двајца осомничени за напад врз Србин пред поштата во Братислава утрото на 8 декември“, се наведува во соопштението на словачката полиција.
Синоќа поради ова убиство уапсени се уште две лица, државјани на Србија. Тие биле чекани на автопат во Унгарија, од каде оделе за Србија. Се сомничат дека и тие учествувале во убиството на Косаниќ. Обдукцијата покажала дека тој имал скршеница на вратниот пршлен, што било причина за смртта. Полицијата веднаш објавила снимки од надзорните камери и побара помош од граѓаните.