Во Салзбург е yaпceн Македонец (28), кој по кавгата им се заканувал со нож на четворица Босанци.
Во ресторанот во салзбуршкиот регион Гнигл започнала жестока расправија за политичката ситуација во Македонија и Босна и Херцеговина. Во еден момент Македонецот станал и го напуштил ресторанот и набрзо се вратил со нож.
Четворицата Босанци, во меѓувреме влегле во такси пред локалот, но Македонецот тргнал кон нив да им се заканува.
За кратко време избегал, но бил фатен од полицијата во близина на ресторанот.