Српскиот портал Еспресо.рс објави текст за култната група Екатерина Велика, односно, ЕКВ и трагичната смрт на нејзините членови. Станува збор за трагична приказна за група на луѓе кои со своите песни обележаа едно време и позади себе, покрај многубројните хитови, оставија и низ на контроверзии врзани за своите приватни животи, но и за стиховите кои и ден денес ги пејат новите генерации кои не беа ни родени во време кога бендот го снема од сцената.
После албумот од 1992-ра година, „Неко нас посматра“, кој музичките критичари го нарекоа најлош во дискографијата на оваа група, фронтменот Милан Младеновиќ накратко ја напушти земјата и замина за Бразил каде заедно со пријателот Митар Суботиќ работел на свој проект, кој подоцна се покажа како негов последен, “Angel’s Breath““.
Се зборува за едно херметично и многу мрачно издание кое тотално се разликува од она што Младеновиќ го правеше со ЕКВ. Излезе дека е совршен проект за крај на една помалку несфатена, мрачна и несекојдневна кариера.
По низата лоши работи за кои можете да прочитате ТУКА, се случува почеток на трагедија токму во Скопје.
–Тие денови стигнаа лоши вести од Скопје. После еден концерт во 1987-ма година, бендот немаше обврски па остана во Македонија на забава направена во нивна чест. Забавата траеше три дена. Првите два поминаа во алкохол и дрога, а третиот ден на ред дошол групен секс. Потоа како последица на СИДА умрел еден од учесниците во оргијата. Сфатија дека и тие се заразени. Така настана песната „Пар година за нас“…