МАКЕДОНЕЦ ВО ИТАЛИЈА Еден час чекав за да купам леб

by Тони Зографски

Минерес Ферати од гостиварско Дебреште веќе 20 години живее во Бергамо, Италија. Тој работи во фабрика за производство на автомобилски гуми, но веќе 2 месеца е во изолација. Денеска излезе да купи леб во маркет. Мораше да чека цел час.

„Еден влегува, еден излегува. 5 минути одат на еден човек. Ако има 10 лица пред тебе, чекаш отприлика еден час пред маркет. Се држи растојание од еден метар. Сите се со маски и ракавици. Еден влегува и еден излегува. Не можат да влезат по 3 или 4 лица. Само по еден“, изјави за тв21 Минерес Ферати – жител на Бергамо, Италија.

Али Ибраими кој е со потекло од Липково, е сопственик на фирма во кантонот Тичино во Швајцарија на граница со Италија. Иако во моментов не работи, вели дека работниците добиваат плата. Али е во изолација со неговото петчлено семејство.

„Бесплатна е помошта. Бесплатен фонд што го дава државниот буџет. И нам, компаниите ни дадоа помош во кредит кој не е гратис но за да излеземе од криза моментално. Швајцарските банки направија една светска новост што не се случила никогаш во банкарскиот систем. Даваат кредити со нула камата. Тоа е новост во Швајцарија. За пет години ти даваат кредит без камата“, вели Али Ибраими – жител на Тичино, Швајцарија.

извор: ТВ21

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com