43 годишниот Борко Андреевски во текот на вчерашниот ден во Оксфорд, Англија ја прими пробната вакцина за Ковид- 19.
Во денешното интервју за ТВ Сител изјави дека се чувствува уште подобро од неговата последна состојба, денес е плус и среќен бидејќи нема да може и да заболи од опасниот вирус. Вакцината е иста како и другите вакцини кои ги има примено и му била ставена преку долга игла во левото рамо.
Работи како такси возач и на тој начин дознал за тестирањето. Превезувал лекари, пациенти но и самите вакцини до клиниките. Согласно препораките тој и неговото семејство како до сега така и во следниот период ќе внимаваат на социјалната дистанца. Фотографии и детали за вакцината тој не смее јавно да споделува согласно протоколот на клиниката.
Реакции имал од семејството кога дознале дека се пријавил за волонтер но потоа се сложиле со неговата желба да помогне. Борко Андреевски има 43 години и е дел од првата фаза за испитување на вакцината против коронавирусот. За сега ќе се вакцинираат околу 1000 волонтери на возраст од 18 до 55 години. Во следната фаза ќе бидат вклучени повозрасни и лица со хронични заболувања. Ако вакцината на научниците од Универзитетот Оксфорд се покаже како успешна ќе помогне во натамошното справување со вирусот. Неколку милиони дози најверојатно ќе бидат достапни за широка употреба од септември.
извор: Сител