Маж се обиде да го нападне со нож терористот од Нов Зеланд

by Тони Зографски

 

Еден маж се обиде да влезе во судот во Крајстчрч во Нов Зеланд и да го убие терористот Брендон Харисон Тарант кој се појави пред суд рано утринава, откако вчера во крвав поход уби 49 и тешко повреди повеќе од 20 луѓе.  Неидентификуваниот маж наводно на новозеландски новинари им го покажал ножот што го имал со себе, пренесува Би-би-си.

Инаку, Тарант облечен во затворска облека, без чевли, и во лисици пред судот го изведоа двајца полицајци. Тој не зборуваше пред судот.  На сите фотографии неговото лице е замаглено според одлуката на новозеландскиот суд кој кажа дека идентификацијата на неговиот идентитет ќе биде важен дел во постапката против него.

По краткото сослушување одреден му е истражен затвор, а пред судот ќе се појави повторно на 4 април.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com