Седумдесет годишен маж вчера почина на крајбрежјето на Охридското езеро, на плажата Метропол, а министерот за здравство Венко Филипче, кој бил во близина се обидел да го реанимира. Тој дваесетина минута му пружал помош, но, безуспешно пренесува „news1.mk“..
Мажот починал на плажата Метропол во чија близина било и отворањето на „Европскиот куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина 10 километри” во Охрид.
На снимката се гледа како министерот трча пред обезбедувањето и оди да му помогне на ковекот, кој бил на 200 метри од местото на отворање на Европскиот маратон каде што бил Филипче. Тој се обидел да го реанимира човекот, но не успеал да го спаси.
Според неофицијални инфомации, човекот доживеал срцев удар.