Северина очигледно е подготвена на се. Таа за време на настап во Хрватска на кој присуствуваа неколку илјади посетители, кои заедно со неа ги пееја нејзините најголеми хитови, направи хаос и ја остави публиката во шок.
На едно од видеата кои пејачката ги објави на својот Инстаграм профил, забележан е моментот кога млад дечо фрла парче долна облека, кое паѓа пред неа на сцената.
Северина ја изненади публиката со својата реакција, па откако ги зеде гаќите, ги помириса, ги стави во џеб и продолжи да пее.
Овој гест беше проследен со громогласен аплауз и смеа од страна на присутните, а Северина уште еднаш успеа да го привлече вниманието на јавноста.