Британка ја блокирала својата картичка, откако забележала дека за само неколку часа од нејзината штедна сметка исчезнале 4.000 евра. Откриена е измамата на која таа сигурно не се надевала.
Жената заминала на одмор во Рио де Жанеиро со сопругот кој работел во бродска компанија во Лондон. Се пријавиле во хотел, таа решила да се одмори, а тој повикал такси да го однесе до кафеана.
Додека лежела во хотелската соба добила порака дека од нејзината и сметката на сопругот се потрошени 4.070 евра, поради што панично ги блокирала картичките. Нејзиниот сопруг се вратил дури следното утро и тврдел дека некој го дрогирал и ограбил, па веднаш отишле во полиција и го пријавиле случајот.
Полицијата започнала истрага, а набрзо било утврдено дека парите исчезнале на сосема поинаков начин.
Имено, како што дознала полицијата, Британецот на 27 ноември побарал таксист да го однесе во ноќен клуб. Како што се посочува, сопругот барал проститутки. Кога пристигнал во клубот во Копакабана, парите ги потрошил на пијачки со бројни жени. Потрошил толку многу пари што сопругата панично ги блокирала картичките.
Околу 7 часот, мажот излегол од ноќниот клуб и отишол во хотелот во придружба на две жени. Тоа било докажано благодарение на снимките од безбедносните камери. Згора на тоа, на видеата се гледа како Британецот на рецепција се обидува да ја плати собата со блокираната картичка. Бидејќи не успеал, им се заблагодарил на девојките кои ги земал со себе и се вратил кај сопругата во хотелот.
Тогаш 48-годишникот ѝ кажал на сопругата за наводната измама и тие поднеле пријава во полиција. Сепак, Британецот сега е под истрага за лажни тврдења и измама.