Во шпанскиот град Леон дошло до тепачка во кино.
Како конфликтот во самото кино да не е невообичаен, уште поизненадувачки е што конфликтот се случи на проекцијата на Гарфилд, филм за деца. Сѐ започнало кога непознат маж нападнал една од жените кои биле во киното.
Пред неколку десетици сведоци дошло до расправија меѓу маж и жена, а ситуацијата ескалирала кога мажот од вербални навреди преминал на употреба на физичка сила. Прво ја фатил за врат жената со која се расправал и почнал да ја турка, а потоа продолжил да ги навредува сите околу себе.
En Leon, en el estreno de la película “Garfield”, ha pasado esto.
Según informan, el hombre de la chaqueta llevaba desde que empezó la película gritándole a su mujer, y la gente ya le había llamado la atención varias veces. Viendo que la situación seguía igual, el chico de… pic.twitter.com/MHZ1BzMbOj
— ceciarmy (@ceciarmy) May 5, 2024
Сето ова, за жал на насилникот, го гледаше Антонио Барул, шесткратниот боксерски шампион на Шпанија, кој ги донел децата да го гледаат филмот. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како 25-годишникот се симнува пред екранот и го предупредува насилникот да престане. Мажот потоа почнал да го навредува, а Барул потоа ги изгубил нервите и го претепа споменатиот човек.
“Тој ја фати жената за врат и почна да ѝ вика. За време на тепачката удри и девојка која била во близина. Немам ништо против да ме навредува, можам да истрпам, но потоа се свртев и ги видов моите деца како плачат. После тоа морав да го направам тоа што го направив“, изјавил Барул за Радио Марка. Засега не се знае како ќе бидат казнети мажите кои учествувале во конфликтот, но и двајцата се соочуваат со казна.